ЕЕБ

Доцнат законите за води

Европското биро за животна средина (ЕЕБ), со седиште во Брисел, Белгија, на својата веб-страница њњњ.ееб.орг објави проценка на спроведувањето на политиката за заштита на водите на ЕУ. “Старата” Европа “падна” на законите за вода – се вели во објавата на ЕЕБ. Поточно, земјите-членки на ЕУ имаа обврска да ја “преточат” Рамковната дирек­тива за водата на ЕУ во сопственото законо­давство.

Но, повеќето од нив не го сторија тоа до предвидениот рок. ЕЕБ предупредува на пропуштениот рок и упатува критика на земјите-членки, особено на оние кои имаат поразвиени економии, да го променат своето законодавство и да ги донесат законите за заштита на водите.

М.И.