На конкурс посветен на инклузијата на Ромите во општеството

Признание за успешно реализирани проекти

Центарот за ромска заедница „ДРОМ” од Куманово, со проектот насловен како „Децентрализација и Декадата на Ромите во неа”, учествуваше на конкурсот за најдобри проектни остварувања за инклузија на Ромите, организиран од страна на Советот на Европа, и го освои второто место, во конкуренција на повеќе земји од Југоисточна Европа, со резултати од реализирани проекти.

Првото место на конкурсот го освои граѓанската организација ИВЦА (ЅЊЦА) од Албанија, а третото место АЛФА (АЛФА) од Босна и Херцеговина. Проектот, кој беше спроведуван од март до декември 2006 година, се однесуваше на изработка на акциски и оперативни планови на локално ниво, за да го олесни процесот на интеграција на Ромите во општеството на национално и на локално ниво. Крајните акциски и оперативни планови  на локално ниво беа усвоени на 27 февруари и влегоа во состав на годишната програма на општината Куманово, со обврска таа секоја година дополнително финансиски да учествува во реализација на одделни проектни активности кои произлегуваат од акциските планови. 

К.Б.