РЕГИОНАЛНА МЛАДИНСКА КОНФЕРЕНЦИЈА

Мултиетнички општества - предизвик или реалност?

Асоцијацијата за независни младински активности, во соработка со Британскиот совет, фондацијата ФИООМ и Американската амбасада организира регионална младинска конференција, насловена како “Мултиетнички општества - предизвик или ре­алност?”.

Конференцијата има за цел да ги поврзе младите лидери на возраст од 20 до 35 години од Албанија, од Косово, од Србија и Црна Гора, од Македонија, од Турција, од Бугарија и од Грција за да ја поттикне интеркултурната комуникација помеѓу младите во регионот, како најбитен инструмент за избегнување на етничките конфликти, како и да ја инспирира културата на мир и толеранција. Патните трошоци за присуство на конференцијата може да се покријат делумно или целосно. За дополнителни информации во врска со конференцијата, како и за симнување на формуларите, посетете ја страницата http://www.southal.org или пишете на адресата al_isa@yahoo.com.

Т.Х.