ОДИ
Влијанието на хуманитарната помош
Групата за хуманитарна политика на Институтот за прекуморски развој ОДИ (ОДИ) од Велика Британија го објави извештајот “Мерење на влијанието на хуманитарната помош“, кој може да се погледне на веб-страницата www.odi.org.uk. Во овој извештај се истражува можноста како подобро да се измери и процени меѓународната хуманитарна помош.
Со оглед на различните проценки дека хуманитарната помош не ги постигнува секогаш проектираните резултати, се разгледуваат различните политики за инвестирање и планирање на овој вид помош од страна на меѓународните донатори. Извештајот, исто така, ги проценува различните методи на давање помош кои се применуваат, како и нивните предности и слабости.
М.И.
|