Младински центар Вавилон - Струмица
Градење здрави животни стилови
Младинскиот центар Вавилон од Струмица е основан во 2001 г. Овој центар е дел од центрите Вавилон што ги има во 25 градови во Македонија, а финансиски е поддржан од Владата на Р. Македонија и од Светска банка, имплементиран од страна на Агенција за млади и спорт.
Мисијата на МЦ Вавилон е подобрување на животните вештини и квалитетот на живеењето на младиот човек за негова подобра интеграција во општеството преку неформално образование.
МЦ Вавилон има повеќе цели - градење здрави животни стилови, младинско организирање, учество на младите во јавниот живот, јакнење и развој на младински иницијативи од областа на културата и уметноста, промовирање на волонтеризмот и подобра информираност и еднаков пристап до информации за сите млади.
Активистите на Вавилон го остваруваат тоа преку повеќе активности, како што се едукација, преку посетување курсеви по англиски јазик и компјутери, учење креативност и животни вештини, организирање културни настани (концерти, изложби...). МЦ Вавилон соработува и има активности и со други ГО и организира интерактивни предавања на теми “дрога, болести на зависности, ХИВ, сида” итн. Дел од активностите на Вавилон се организирањето работилници, обуки и тренинзи.
Претстојниот период МЦ Вавилон ги насочува своите активности кон организирање работилници и обуки за млади на темите партиципација на младите во општеството, младинска организација, младинско лидерство, интеркултурно учење, организациски менаџмент, како и кон реализација на работилниците со “Мулти-Медиа Социал фор Арт Цханге Меетинг тхе Ѕоутх оф Мацедониа”, организирани од “Ѕоутх Воицес Гроуп Мацедониа”.
МЦ Вавилон е отворен за сите млади и работи со млади за млади... Д.М.
|
|