ЕУ

Веб-портал на НВО за словенечкото претседавање со Унијата

За време на претседавањето на Словенија со ЕУ помеѓу јануари и јуни 2008 година, словенечките невладини организации отворија посебен веб-портал посветен на овој настан. Целта на порталот е да ги поттикне невладините организации да информираат и поставуваат прашања за чести настани поврзани со министерствата и други тела на јавната администрација и да ја информираат владината канцеларија за комуникации за сите настани кои ќе бидат организирани во врска со претседавањето. Веб-порталот исто така ќе поттикне комуникација помеѓу словенечките и странските невладини организации. Нивните гледишта ќе бидат испраќани до министерствата и други тела на јавната администрација. Информациите се објавени на словенечки и на англиски јазик. Веб-порталот може да се најде на њњњ.председованје.си.

„од ЦНВОС”