Нова регионална мрежа
Зелена акција
Зелена акција е регионална мрежа на еколошки организации за промоција на биолошката и културна разновидност во насока на одржлив рурален развој. Идејата за мрежно поврзување произлегла од потребата за координација на работата на еколошките организации од Битола, од Прилеп, од Демир Хисар, од Крушево, од Ресен, од Охрид и од Струга и од јакнењето на капацитетот за нивно дејствување.