МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ 
 Канцеларија на омбудсман

Во Министерството за финансии на Република Македонија од неодамна функционира Канцеларија на омбудсман. Тоа значи дека секој граѓанин, здружение или фирма кои имаат одре­дени поплаки или приговори на рабо­тата на Министерството и неговите служ­беници, можат за се обратат до Омбуд­сманот за да ги остварат своите права.
Граѓаните, организациите или фирмите кои сакаат да се обратат до Омбуд­сманот, треба да подготват докумен­тација за нивниот случај и писмена жалба или барање. Канцеларијата на омбудсманот во Министерството за финансии врши прием два пати месечно, а задолжително е претходно да се договори средбата, на телефонот 02/106-268.