МЦМС ВОСПОСТАВУВА НАГРАДИ ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО И ДЕМОКРАТИЈА И ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ "Херт Јан ван Апелдорн" 

Јакнење на она во што веќе сме добри


За нововоспоставените награди на Македонскиот центар за меѓународна соработка, зошто тие ќе се доделуваат и која е идејата што стои зад нив, разговараме со извршниот директор на МЦМС, г. Сашо Клековски.


Зошто награди?
Постојат повеќе начини како да се поттикнува одреден развој. Еден од можните начини е воспоставувањето позитивни модели или "јунаци" и јакнење на она во што сме веќе добри. Со наградите се обележуваат позитивните модели и се охрабруваат другите да дејствуваат во иста насока. Сите ние имаме потреба да ни се одаде признание и да не потапкаат по рамото.

Кои награди ги воспоставува МЦМС?
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) воспоставува две награди: Награда за граѓанско општество и демократија и Награда за одржлив развој "Херт Јан ван Апелдорн".
Идејата за Наградата за граѓанско општество и демократија се роди во 1998 година. Тогаш МЦМС ја доби престижната ЕУ/САД Награда за граѓанско општество и демократија. Бевме многу горди на дипломата потпишана од Бил Клинтон, Тони Блер и Жак Сантер. Заедно со дипломата добивме и чек од 20,000 УСД. Тогаш требаше да презентираме што ќе направиме со средствата. Сметавме дека е најдобро да воспоставиме фонд од кој понатаму ќе се доделува домашна награда.
По три години конечно ја реализираме идејата.
Наградата за одржлив развој "Херт Јан ван Апелдорн" се јави како идеја нешто пред првата, при размислата како да го одбележиме споменот на Херт Јан ван Апелдорн. Тоа беше човекот кој во периодот 1993/94 работеше во Македонија за Холандската меѓуцрковна помош и помогна МЦМС и многу други организации да започнат развојни иницијативи.

Дали во земјата не се доделуваат многу награди?
Тоа можеби е точно, општо земено. Македонија има многу награди, но тие обично се резервирани за сектори како што се културата, науката и економијата.
Ние сметавме дека граѓанското општество и демократијата и одржливиот развој се подрачја каде ни е потребно унапредување на состојбите. Се одлучивме да придонесеме во градењето нови вредности и приоритети