Фотоизложба на Мисијата ОБСЕ

Презентирана 15-годишната работа во Македонија

Мисијата на ОБСЕ во Македонија на 25 јануари, во рамките на одбележувањето на својата 15-годишна активност во земјава, на фотоизложба отворена во трговскиот центар Рамстор, во Скопје, презентира дел од својата работа. Изложбата ја отвори шефот на Мисијата, амбасадорот Џорџо Радикати, а на неа, преку фотографии и текст, на публиката & беше понуден илустративен преглед на реализираните  содржини: организираните цветни трки наменети за собирање пари за хуманитарни цели; поддршката на децентрализацијата од самиот нејзин почеток; опремата на судовите со автоматско распоредување на случаите;  поддршката на професионалните капацитети на институцијата Омбудсман и  нејзините регионални проширувања; подрршката на 24-часовната  телефонска линија за поддршка на можните жртви и жртвите на трговијата со луѓе; зајакнувањете на професионалните капацитети на полицијата  преку различни програми и обуки; обуката на полициските кадети од малцинските етнички заедници; зајакнувањето на професионалните  капацитети на Граничната полиција преку различни обуки; обуката на судски професионалци од областа на легислативата за малолетна деликвенција; професионалната обука за млади новинари, со поддршката на мултијазичниот Јавен радиодифузен сервис МРТ и др.

К.Б.