календар
11-13 февруари: Одржливоста и јавните сервиси
Унгарската организација Ведегулет организира конференција во Будимпешта на 11-13 февруари на тема “Одржливоста и јавните сервиси”, на која ќе се разговара за тековната либерализација и приватизација на јавните сервиси и улогата на Светската трговска организација на на ЕУ во овој процес.
22 февруари: Ден на извидниците
Светскиот ден на извидничкото движење, кој традиционално се одбележува секоја година е повод за собирање на извидниците од целиот свет и манифестација на нивната идеја и филозофија која се заснова на етчките принципи, другарството, солидарноста, тимскиот дух, заштитата на животната средина и многу други вредности кои денес с$ повеќе се забораваат.
23 февруари: Агрикултурата и уметноста
Британскиот центар за уметност и дизајн во животната средина организира конференција на тема “Агрикултурата и уметноста”, на 23 февруари во колеџот Вритл во Велика Британија. Целта е да се истражи како земјоделците и уметниците можат да работат заедно за позитивни економски достигнувања.
24-25 февруари: Обука за фондовите на ЕУ
Во организација на ЦИРА од Скопје и ДемНет од Унгарија ќе се одржи дводневна работилница на тема “Аплицирање до фондовите на Европската Унија за НВО од Македонија”. Работилницата се одржува во Скопје, а ќе учествуваат претставници на 20 здруженија од Македонија.
|