Шелтер центар

Програма за женски економски развој

Обука на маргинализирани женски групи за стекнување стручни квалификации

Шелтер центарот кој од 2001 година конти­нуирано практично работи со жени и деца жртви на насилство, констатираше дека економската зависност од партнерот, е една од најчестите причини што ја врзува жената во домот каде трпи насилство. Слабата економија и високата стапка на сиромаштија во нашата земја,  неможноста себеси и на своите деца да им обезбедат основна животна егзистенција, игнорантноста од страна на државата и непостоењето на програми за помош, се главните причини поради кои тие се контролирани, мани­пулирани и принудени да останат во насилни односи.

“Битен дел од програмата на Шелтер центарот претставува статистиката  во однос на целната група, во која се обработени пода­тоци кои нудат јасна слика за бројот на жртвите, возрасната структура, националната припадност, образованието, видовите насил­ство, проблемите, потребите и други пара­метри. Според нив во периодот од 2001-2003 година, од вкупниот број згрижени жени во Центарот 23% биле со основно образование, 55% со средно, 14% со високо и 8% жени без образование. Во однос на решавањето на проблемите, најтешка била ситуацијата на жените без образование, а паралелно на тоа и нивниот економски статус  бил во голема мера загрозен. Просечната возрасна струк­тура на згрижените жени е 30-40 години, а нивната амбиција за дополнително обра­зование е минимална. Реалните мож­ности за вработување им биле сведени на чистење станови, канцеларии, перење или пеглање. Од анкетата спроведена во Центарот, добивме податоци според кои, жените имаат желба и амбиција да бидат едуцирани за одредени работни вештини, односно за шиење, козме­тика, фризерство. Тоа се вештини кои релативно брзо можат да бидат совладани и тие имаат реална можност, стекнатата вештина да ја искористат во потрага по вработување”  - посочува  Даниела Дабеска од Шелтер центарот.

Добиените резултати се мотивот  за креирање  на Програма за женски економски развој - обука  за шиење на машини за текстилна конфекција, која ќе биде одговор на суштин­ските потреби и проблеми. Програмата започна со реализација во септември 2003 година, а е планирано да трае до 2005 година. Таа се реализира со поддршка од градот Нирнберг, Амбасадата на СР Германија во Македонија, Единицата за хуманитарна помош при Швајцарската амбасада, МРФП и ФИООМ. Во проектот се содржани: циклус обуки наменети за маргинализираните женски групи, односно за жените жртви на насил­ство, а од овој проект имаат можност да бенефицираат и жените со низок соци­јален статус, самохраните мајки и жените од руралните средини. Негова основна цел е да понуди услови, преку кои целната група ќе има можност да се обучи и да се стекне со стручна квалификација со која жените ќе имаат можност да конкурираат на пазарот на трудот.

Д.М.