демократија и човекови права

ДЕСЕТГОДОШНИНА НА ЦРС

Отворена куќа

На 7 ноември годинава Католичките служби за помош (ЦРС), како и секоја година, организираа “Отворена куќа” за јавноста. Оваа беше посебна, бидејќи ЦРС наполнија десет години работа во Република Македонија.
Тој ден заинтересираните можеа да се информираат со тековните и спроведените програми од страна на ЦРС во текот на изминатите десет години. Во програмите се вклучени проекти од областа на микрофинансирање, образование, развој на заедницата, и друго.
Во просториите на ЦРС преку целиот ден имаше информативна презентација на оваа организација и информациска презентација по одделенија, а претставникот на ЦРС за Македонија, Ендрју Росаер и регионалниот директор на ЦРС за Европа, Марк Шнелбехер, одржаа поздравен говор.
Г.Ш.