Иницијатива на ЕД Еко-мисија

Парк-шумата Водно пешачка зона

Еколошкото друштво Еко-мисија од Скопје пред одржувањето на локалните избори во Македонија поведе иницијатива за прогласување на Парк-шумата Водно во пешач­ка зона. Иницијативата како апел за забра­на на сообраќајот и авто-трките во рамките на Парк-шумата Водно беше упатена и предадена до Градот Скопје и до идниот градоначалник на Скопје. Мотивите за ини­ци­јативата Еко-мисија ги гледа и во континуираното изложување на Водно на притисок од страна на човечкиот фактор, почнувајќи од постепеното ширење на гра­дот кон планината и стеснувањето на зоната со зачувана природа, па преку дрво­кра­дството и криволовот, до предизвикување шумски пожари, загадување со отпадоците што ги фрлаат посетителите, зага­ду­вање со издувни гасови и бучава од автомобилите кои се движат по планината, несоодветното собирање билки, разнесување плодна почва или камен за домаш­ни­те по­тре­би на граѓаните итн.

Како најголеми пропусти во систематското одржување на Парк-шумата Водно, Еко-миси­ја ги наведуваат слабата чуварска служба и дозволениот сообраќај во парк-шумата, како и отсуството на какви било санкции против прекршителите.

“Пропуст на сите досегашни градски управи на Скопје е што досега не е согледана заканата што ја претставува сообраќајот за Водно и што не е направено ништо за тоа. Доблеста на оној градоначалник што ќе ја признае таа грешка и што ќе го напра­ви историскиот потег со прогласувањето на Водно за пешачка зона ќе биде поголе­ма. На вистинските љубители на природата им е доволно само тоа”, изјави Петар Бо­ше­вски, претседател на “Еко-мисија”.

Иницијативата на Еко-мисија ја потпишаа повеќе еколошки, планинарски и други граѓански здруженија, повеќе релевантни стручни и научни државни институции,  гра­до­началниците на скопските општини Карпош, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Гази Баба и Чаир, како и 1260 анкетирани посетители на Водно.                         

Д.М.