Награда на ЕУ
Промоција на најдоброто во зачувување на видливото културно наследство
Наградата на ЕУ за културно наследство/Наградите на Еуропа ностра (Еуропа Ностра) се доделуваат секоја година од страна на ЕУ и на Еуропа ностра со цел да им се оддаде признание, да се прослават и промовираат најдобрите практики во зачувувањето на видливото културно наследство насекаде во Европа. Посебните достигнувања на полето на зачувување на културното наследство ќе бидат наградени со шест парични награди од по 10 илјади евра, како и со медали и дипломи во следните категории: 1. Зачувување на архитектурното наследство, пределите, уметничките дела, археолошките наоѓалишта; 2. Студии на полето на зачувувањето на културното наследство; 3. Посветеност на зачувувањето на културното наследство од страна на поединци и групи.
Крајни рокови за аплицирање се: 1 септември (за категоријата број 1) и 15 септември (за категориите 2 и 3). За повеќе информации, посетете ја страницата www.europanostra.org.
З.В.
|
|