Зборник на Центарот за детска правда „Малиот голем Човек“
Правата на детето и малолетничката Правда
Зборникот на трудови под наслов „Прав­ата на детето и малолетничката правда“, на 10 февруари годинава, во Зградата на хума­нитарните организации Даре Џамбаз, беше промовирано од страна на Здружението за заштита на правата на детето и Центарот за детска правда „Малиот голем човек“. Ова е второ вакво издание на Здру­же­нието.
Меѓу Европејците, македонските граѓани најголеми противници на војната
Според истражувањето на Галуп интер­национал, меѓу европските држави, гра­ѓаните на Македонија се најголемите опоненти на воената интервенција на САД врз Ирак. Во истражувањето, 77% од анкетираните македонски граѓани сметаат дека не треба да се даде поддршка на воената интервенција во Ирак.