АЛБАНИЈА
287 деца на “Најголемата светска лекција”
Центарот за правата на децата на Албанија – во соработка со образовните власти во Тирана и Глобалниот марш против детскиот труд, ја организираа „Најголемата светска лекција“ со учество на 287 деца од четири училишта во Тирана, како дел на Глобалната кампања за образование.
Ова е прв пат во историјата на образовниот систем во Албанија кампањата да се реализира во исто време за истото прашање. Истовремено, интересот на медиумите за оваа активност беше толку голем, што весниците, ТВ и радиостаниците ја објавуваа и ја емитуваа веста поврзана со овој настан од почетокот на глобалната кампања „Образование за сите“ на 6 април 2003 г.
Центарот за правата на децата во Албанија (ЦРЦА) упатил апел до Владата, медиумите и НВО во Албанија за да работат заедно во зголемувањето на процентот на образованието во целата држава, особено на младите девојчиња. Според проценките на ЦРЦА повеќе од 50.000 деца моментално се инволвирани на директен или индиректен начин во детскиот труд, додека повеќето од нив се наоѓаат надвор од училиштата. Досега само неколку програми за рехабилитација се функционални за децата кои останале надвор од училиштето, една од нив е и програмата на ЦРЦА „Запрете го детскиот труд во Албанија“.
Г.Ш.
|