РЕЦ И ТОЧКА
Прослава на годишнини
Регионалниот центар за заштита на животната средина на Централна и Источна Европа (РЕЦ) со седиште во Сентендре, Унгарија, прославува 15 години од своето постоење и успешна работа. РЕЦ во овие години стана еден од синонимите на “зеленото” движење во Европа, а со 16-те канцеларии коишто работат во исто толку држави во регионот, е еден од најголемите поддржувачи и партнери на здружнијата на граѓани активни во оваа област, но и на владите и на бизнис-секторот. За повеќе информации за активностите на РЕЦ, посетете ја веб-страницата www.rec.org.
Културниот центар Точка во Скопје, пак, слави три значајни години од својата работа и две од проектот “Слевање на маргините” на здружението Контрапункт. По повод годишнината, во Точка се одржаа низа културни настани - промоција на најнови книги на издавачката куќа Темплум, изложба на уметникот Борис Шемов, читање поезија и филмски проекции. Точка, во чии простории се наоѓа и книжарницата Или-или, претставува единствен, алтернативен простор во градот којшто значително го унапреди културниот живот на Скопје и Македонија. Тој се наоѓа на улицата “Илинденска” бр. 38. М.И.
|
|