Европска комисија
Информативни точки во центрите за поддршка на ГО
Во 12-те центри за поддршка на граѓански организации во Македонија се отворени информативни точки на Делегацијата на Европската комисија во Македонија, како дел од нејзината информативна програма. Тие се лоцирани во Штип, во Велес, во Прилеп и во Кичево, каде работат центрите поддржани од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија (ФИООМ) и Швајцарската агенција за развој, и во осумте понови, поддржани од ФИООМ и од Европската агенција за реконструкција - во Гевгелија, Ресен, Дебар, Делчево, Струга, Струмица, Неготино и Кратово.
Во овие информативни точки граѓаните можат да научат како фукционира Европската Унија и нејзините институции, како и да се информираат за активностите кои ги спроведува ЕУ во земјата и регионот. М.И.
|
|