Дискриминација
Ромките дискриминирани според полот и според етничката припадност
Според презентираните податоци од извештајот „Малку по малку, ние, жените ги учиме нашите права”, кој во декември во Скопје го претстави македонскиот огранок на „Амнести интернешнел”, Ромките во Македонија страдаат од двојна дискриминација, поради нивниот пол и поради етничката припадност. Извештајот ги истражува пречките со кои се соочуваат ромските жени и девојчиња при пристапот до основните човекови права, правото на образование, на работа и?на здравствена заштита, а содржи и препораки за зголемување на почитувањето?и заштитата на човековите права на жените и девојчињата Ромки во Македонија.
К. Б.
|
|