ЗЕЛС и АДКОМ
Потпишан меморандум за меѓусебна соработка
Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) и Асоцијацијата на давателите на услуги на Република Македонија (АДКОМ) на 15 март потпишаа меморандум за меѓусебна соработка. Меморандумот го потпишаа претседателот на ЗЕЛС, Горан Ангелов, и претседателот на АДКОМ, Јордан Милков.
Потпишувањето на меморандумот за соработка имаше за цел овие две организации да дадат придонес во актуелното префрлање на надлежностите од централно на локално ниво. Со овој меморандум ЗЕЛС и АДКОМ треба да ги синхронизираат нивните напори за лобирање и залагање во врска со донесувањето на правните акти битни за локалната самоуправа и јавните претпријатија, а особено за работата во врска со подобрувањето на комуналните услуги на општинско ниво.
Меморандумот предвидува претставници на АДКОМ да се приклучат во работата на техничките комисиите и поткомисии на ЗЕЛС за комунални прашања за подготовка на акти и закони за имплементација на Оперативната програма за децентрализација на власта на Владата на Република Македонија. Д.М.
|