ВЛАДИТЕ НА МАКЕДОНИЈА И НА АЛБАНИЈА
Проект за заштита на Охридското Езеро
Во издание на владите на Македонија и на Албанија, издадена е публикацијата "Проект за заштита на Охридското Езеро бр. 3", во која се претставени активностите на двете држави во рамките на проектот финансиран од Светската Банка.
Една од компонентите на проектот го опфаќа јавното учество, преку невладините организации од двете држави, кои соработуваат со останатите фактори (локалните и централните власти, институциите, бизнис секторот) за заштита на Езерото. Реализирањето на активностите од оваа компонента се одвива во координација на Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа.
|