3 јули
Концерт по повод холандското претседателство со ЕУ
Холандската амбасада во Република Македонија, по повод претседателството на Холандија со Европската Унија, кое започнува на 1 јули, организира џез-концерт во рамките на Скопското културно лето 2004, во соработка со Бирото за култура на Собранието на град Скопје. Концерт ќе одржи групата “Нењ Цоол Цоллецтиве”, на 3 јули, со почеток во 20:30 часот, во Куршумли ан во Старата скопска чаршија. Влезот е бесплатен, а спонзори се Прокредит банка и хотелот “Арка”.
5 јули
Посета на преработувачките капацитети
Здружението Еко-свест од Скопје на 5 јуни организира посета на фабриките кои преработуваат пластичен и хартиен отпад - “Пластика” и “Комуна”. Оваа посета е дел од проектот за сепарирање на отпадот, кој го спроведува ова здружение. Од страна на фабриките, ќе биде прикажано на кој начин се селектира и рециклира отпадниот материјал.
11 јули
Меѓународен ден на светската популација
Прогласен од Организацијата на Обединетите нации, Меѓународниот ден на светската популација има за цел да предупреди на проблемите кои се однесуваат на сите луѓе на светот: демографската експлозија, недостигот од храна и здрава вода за пиење, загадувањето на животната средина и исцрпувањето на природните ресурси, климатските промени, природните катастрофи, ширењето на смртоносните вируси. На овој ден се повикуваат државите, особено оние поразвиените, за здружување на силите заради намалување на овие проблеми.
10-18 јули
Меѓународна средба на екологисти и фармери
Во Бачково, Република Бугарија, од 10 до 18 јули се одржува меѓународна средба на екологисти и фармери, на која ќе се разговара за проблемите на храната, со посебен фокус на производство на здрава храна, органското земјоделие и генетски модифицираните организми. За повеќе информации, заинтересираните можат да се обратат до информативната мрежа Еко-нет: њњњ.еко.нет.орг.
|