Манастир “Св. Преображение” – Зрзе

Отворена музејска поставка и ателје

Братството на Манастирот “Св. Преображение” - Зрзе, Прилепско, во соработка со организацијата “Хоризонт” од Прилеп, отвори музејска поставка и ателје за резба и иконопис во манастирскиот комплекс. На свеченото отворање на 1 октомври можеше да се види дел од уметничката ризница на манастирот. Поголемиот дел од експонатите се пронајдени во последните десетина години, на манастирскиот имот, а досега не се објавувани во научната литература. Извршена е нивна заштита и реставрација. Поставката е составена од црковно-литургиски предмети и икони, проскомидија од 17 век, везени апликации за свештенички одежди, копаничарски минијатури,  делови од накит и мала колекција стари монети. Со работата на ателјето, дел од спецификите на резбарската и иконописната уметност од Зрзе автентично ќе се пренесуваат од нова генерација творци.

Изградбата на објектот и опремувањето на музејската поставка се реализира со финансиска поддршка од владата на Кралството Норвешка и од Фон­да­цијата Ин­ститут отво­рено оп­штес­тво – Ма­ке­­до­нија.

М.И.