Порака до Стразбур
Велам МакедонијаМојата земја е Република Македонија. Јас сум граѓанин на Република Македонија. Културата ми е македонска, како и традицијата на мојата земја. Работам во македонска граѓанска организација. Говорам, како и моите претци, македонски јазик. По националност сум Македонец, како и другите мои сонародници кои се самоидентификуваат така насекаде во светот. И никој не може и не смее да ми го одземе тоа. |  |
|