УНЕП, УНФЦЦЦ И МЖСПП


Разбирање на климатските промени

Министерството за животна средина и просторно планирање ја издаде на македонски јазик книгата “Разбурање на климатските промени: Водич за почетници за Рамковната конвенција на ООН и за нејзиниот протокол од Кјото”, инаку издание на УНДП – Програмата за животна средина на ООН и УНФЦЦЦ – Секретаријатот на Рамковната конвенција за климатски промени на ООН. Книгата има за цел да ја запознае јавноста со оваа конвенција (од 1992 г.) и со Протоколот за климатските промени донесен во 1997 година во Кјото, Јапонија.