Проект на ЕД “Вила зора” и општина Велес
Кон Локалната агенда 21 за општина Велес
Еколошкото друштво “Вила зора”, во партнерство со општина Велес, го реализира проектот “Кон Локалната агенда 21 за општина Велес”, финансиски поддржан од Регионалниот центар за заштита на животната средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) - канцеларија во Македонија. Проектот се одвива во рамките на Програмата за национални и регионални грантови за граѓански организации во областа на одржливиот развој во Западен Балкан. Локалната агенда 21 за општина Велес ја изготвува Граѓанскиот комитет, составен од 22 претставници на локалната власт, бизнис-секторот, институциите и граѓанскиот сектор.
По завршувањето на процената за одржлив развој на заедницата, Комитетот го изготви документот “Анализа и процена на заедницата”, а освен него со креирањето на новиот стратешки план, Комитететот ќе ја креира “визијата за заедницата” и ќе ги утврди приоритетите коишто ги групира во пет области: локален економски развој, социјала, здравство и образование, заштита и унапредување на животната средина, урбано планирање и локален демократски развој. Координатор на проектот е Билјана Шуркова-Манаскова. Д.М.
|
|