Нова канцеларија за лобирање за ромски праШања

“Нов форум за Ромите”

Во рамките на Советот на Европа е отворен “Нов форум за Ромите”, како одговор на растечките напори на европското ромско движење да лобира за подобрување на состојбата со Ромите. Целта на Форумот е да им се даде тело на Ромите коешто ќе го поддржува нивното лобирање во цела Европа, и ќе ги претставува нивните интереси во европските тела, особено во Советот на Европа. Идејата првично потекна од владата на Финска, но наиде на силен отпор кај другите влади, се до пред крајот на оваа година. Формално, Форумот беше изгласан минатиот декември од страна на Европскиот министерски комитет во Стразбур. Секретаријат во којшто моментално работат две лица, е отворен во Стразбур со финансиска поддршка од владите на Франција, на Финска и на Швајцарија. Меѓународната мрежа на жените Ромки ИРВН (ИРЊН) помогна најмногу во основањето на овој нов форум.

Т.Х.