Одбележан Светскиот ден на Црвениот крст
Пригодно промовирана книга од Анри Динан
Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, 8 Мај, годинава беше одбележан и во Македонија со промоција на книгата “Сеќавање на Солферино” од основачот на Црвениот крст Анри Динан, а Македонски пошти издадоа доплатна поштенска марка.
По повод Светскиот ден, кој во Скопје се одбележа под мотото “Да го заштитиме нашето здравје”, се одржа и свеченост во Домот на хуманитарните организации “Даре Џамбаз” на која присуствуваа повеќе јавни личности, политичари, актери, активисти и граѓани. До присутните честитки упати и претседателот Бранко Црвенковски кој подвлече дека “Црвениот крст секогаш бил столб на хуманитарните активности и давал значаен придонес во подигнувањето на свеста на сите субјекти кои имаат одредена улога во светската мисија”. С.Н.
|