ВО ЛАТИНСКА АМЕРИКА И НА КАРИБИТЕ

Јазот помеѓу богатите и сиромашните најголем на светот

Светската банка го објави документот „Студија за нееднаквоста во Латинска Америка и на Карибите: Раскрстување со историјата?“, во кој повикува на потребата од длабоки реформи на политичките, економ­ските и социјалните институции во овој дел од светот.

 Нееднаквоста на населението во Латинска Америка и на Карибите е пред се’ одбележано со јазот помеѓу богатите и сиромашните. Овој јаз во овој регион е најголем на светот.

Во студијата на Светската банка на владите на државите од овој регион им се пре­порачува да обезбедат поголема достапност кон виталните услуги за сиромашните луѓе. Студијата во целост може да се најде на веб-страницата на Светската банка: www.worldbank.org.

М.И.