ВО КРУШЕВО
Сувенирница и галериски простор
На 22 јануари во Крушево беше отворена првата продавница за сувенири, по долго време, во овој град, како и засега единствениот галериски простор во градот каде можат да се одвиваат изложби, камерни концерти, промоции и други културно-уметнички настани. И двете простории се дел од Домот на културата “Наум Наумовски-Борче”.
Како што рече на свеченоста што се одржа по овој повод, директорот на Домот Никола Јовановски, овие нови содржини се многу важни за локалниот развој на градот. Просториите, кои досега не се користеа и беа во многу лоша состојба, се реновирани во рамките на проектот спроведен од Домот преку програмата “Живо наследство” финансирана од Фондацијата Институт отворено општество - Македонија и Фондацијата Крал Бодуен од Белгија.
М.И.
|