НАУЧНИЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ

Ураганите ќе бидат се посилни

Се’ поголем број научници сметаат дека ураганите на Атлантикот во блиска иднина ќе имаат уште поразорни последици од досега. Додека населението на островските и приморските атлантски држави ја обележува неславната 40-годишнина од разорниот ураган наречен Флора, кој во 1963 година направи вистински пустош во овој голем светски регион, истовремено се подготвуваат на новите ефекти од оваа природна појава.

Сепак, се предупредува дека појавата и не е толку природна, односно, во голема мера е засилена со дејствувањата на човечкиот фактор, кој со загадувањето на атмосферата и промените на климата направи феноменот Ел нињо да отстапи пред уште поизразените Ла ниња и Ла нада, „предизвикувачките“ на уште посилни урагани, кои како по правило добиваат женски имиња. Научниците и обичните луѓе се мошне загрижени пред претстојната сезона на дождови и ветришта, а екологистите покренуваат активности насочени кон владите и бизнис-секторот, барајќи од нив мерки и поодговорно однесување кон природата. Феномените Ел нињо, Ла ниња и Ла нада, кои го условуваат ураганскиот циклус, се се’ уште една од најголемите загатки во метеоролошката наука.


М.И.