РЕЦ - СЕНТ ЕНДРЕ
Обука за млади лидери од областа на животната средина
Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа (РЕЦ) во соработка со италијанската НВО „Л’умана ди Мора“ спроведува Обука за млади лидери за животна средина. Ова програма има за цел да обезбеди напредна обука за организациски и технолошки методи за млади активисти на НВО. Обуката се состои од три недели теоретски предавања во седиштето на РЕЦ во Сентендре, Унгарија, и еднонеделна студиска посета во Италија, фокусирајќи се на управувачките вештини; најновите методи на животната средина (информативни технологии и решенија базирани врз пазарот) и пренесување на овие вештини на колегите.
Можат да учествуваат млади активисти во невладиното движење од регионот, стари меѓу 20 и 30 години, со докажана силна посветеност на активизмот за заштита на животната средина и со познавање на англискиот јазик. Повеќе информации можат да се добијат на: њњњ.рец.орг.
Д.М.
|