ЕУ
Нова директива за политиката на проширување
Елмар Брок, член на Европскиот парламент од Германија и известувач за проширувањето, ја објави својата намера да издаде извештај во кој се бараат промени на политиката за проширување на ЕУ. Тој објаснува дека ЕУ нема да може да продолжи со проширувањето на начинот на кој го прави тоа во текот на последните 20 години, доколку сака тоа да остане „политички проект”. Тој верува дека земјите во соседството на ЕУ треба да имаат и други опции, освен влезот во ЕУ, што им се нуди. Него особено го привлекува идејата за „концентрични кругови” на различни нивоа на ангажираност во рамките на самата ЕУ. Земјите треба да ги користат тие концентрични кругови за да се приближат до ЕУ, без да очекуваат неопходно да станат нејзини членови. Освен што предлага нова директива за политиката на проширување на ЕУ, Брок ја критикува моменталната ситуација, особено во поглед на Европската комисија.
Според МЕП, постои недоволна координација помеѓу групата за проширување и групата за надворешни односи. Извештајот ќе биде издаден до летото, а работната верзија на документот и повеќе информаци можат да се најдат овде хттп://њњњ.еуропарл.еуропа.еу/меетдоцс/2004_2009/доцументс/дв/699/699736/699736ен.пдф.
З.В.
|
|