Кампања Учиме за ЕУ

Одржана трибина во СДУ “Георги Димитров”

Со трибината одржана во Средното државно училиште „Георги Димитров” во Скопје, Секретаријатот за европски прашања и Министерството за образование продолжија да ја реализираат кампањата „Учиме за ЕУ”, по почетокот на второто полугодие од учебната 2007/2008 година. На трибината пред учениците говореше министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, Михо Михов.

Предавања за Европската Унија на 14 февруари  во ОУ „Кочо Рацин” Центар и во ОУ „Григор Прличев” во
Железара одржаа државни службеници од Секретаријатот за европски прашања и од Министерството за образование и наука, кои веќе две години ја спроведуваат кампањата која има за цел да го подигне нивото на информираност на учениците и студентите за ЕУ, да ја зголеми нивната свест за значењето на евроинтегративните процеси и реформите што ги спроведува Република Македонија за да стане дел од големото европско семејство.

МИА