Прирачник на Меѓународниот волонтерски сервис

Младинскиот културен центар од Битола и Младинската мрежа на југоисточна Европа ЦЕЕСН (СЕЕЅН) го издадоа Прирачникот на Меѓународниот волонтерски сервис, досега единствениот објавен на македонски јазик.

Тој е наменет за младинските организации и младинските работници со цел да им понуди теоретски и практични средства кои би ги користеле при обучувањето на младите за долгорочно волонтирање. Прирачникот е финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Данска, преку Програмата НАБ.

Ѕид од тишина една година подоцна

Ѕид од тишина една година подоцна: Извештајот од спроведувањето на Законот за слободен пристап  до информации од јавен карактер што го издаде ФИООМ ги содржи  резултатите од набљудувањето на Законот во првата година од неговата примена.

Дигиталната верзија е достапна на http//creativecommons.org/licenses/by-nc/2.5/mk