Розета Такева
Би ги натерала луѓето да размислуваат космополитски
Професионално искуство Десет години активист во граѓанскиот сектор. Работам како дисиминатор во Црвениот крст , четири години активист во ХДЗР КХАМ и последниве три години финансиски раководител во ХДЗР КХАМ од Делчево.
Ангажирање во граѓанскиот сектор Финански раководител на проектот „Улогата во НВО-секторот во брегалничкиот регион”.
Хоби и интереси Читање бестселери.
Амбиции Да го видам светот без сиромаштија.
Каде оди во слободно време Со пријателите дома или во делчевските кафулиња.
За време на викендите Ако немам професионален ангажман, дома сум со моето семејство.
Кој национален/локален проблем го смета за особено важен Корупцијата и партизацијата, затоа што се најголеми кочници за развој на секоја прогресивна идеја.
Кој глобален проблем го смета за особено важен Сиромаштијата. Луѓе, 21. век сме!
Што би променила во Македонија и во светот Би ги натерала луѓето да размислуваат космополитски.
Совет / порака Обиди се да ги разбереш проблемите на другите.
|