АПЕЛИ

Сакаме МИР!

Сакаме МИР! – тоа е суштината на апелите кои во текот на минатиот месец произлегоа од повеќе здруженија на граѓани во Македонија, странски организации во Македонија и организации вон Македонија, но упатени на сите нас кои живееме во неа. За мир и ненасилство, против војната, за толеранција, просперитет, работа и соработка, за овозможување мирно детство за нашите деца, за јазикот на разумот, против омразата, за взаемното почитување, повикуваат Здружението на правата на Ромите и Здружението на Ромите „Черења” од Штип, Македонската национална коалиција на невладини организации за правата на детето, Search for Common Ground, Центар за ненасилна акција од Сараево, Жените во црно од Југославија и други.