Фотографија
Откривање на културното наследство на Ромите од Шутка
Фотографската секција при Спелеолошкото друштво “Пеони” го реализира својот мошне впечатлив проект “Откривање на културното наследство на Ромите од Шутка” посветен на културното наследство на Ромите и нивната интеграција. Во фокусот беше младата ромска популација од скопската населбата Шутка, која учествуваше во две фотографски работилници, каде го развиваше својот културен идентитет, преку откривање и пред с$ разбирање на сопственото културно наследство: местото на живеење, начинот на живеење, традицијата, обичаите, архитектурата и урбанистичките карактеристики на средината.
На работилниците учествуваа 30-тина ученици од основните училишта “Браќа Рамиз и Хамид” и “26 јули”,откривајќи ја техниката на камерата Оскура. Одржани се и теоретски предавања од областа на фотографијата (историја, теорија и примена на современата фотографија), а учесниците запишаа и кратки приказни, случки, впечатоци, легенди и анегдоти на испечатените разгледници. Најдобрите 30-тина фотографии ја содржеа мобилната изложба поставена во градскиот автобус број “20”, кој четири дена посетуваше различни локации во Скопје (Домот за деца без родители “11 Октомври”, Детското село, Пензионерскиот дом во Чаир, Градскиот плоштад).
Проектот е подржан од ФИООМ, Министерството за култура и француската асоцијација “Виа патримуан”.
К.Б.
|
|