Модернизација на образованието
МЦМС е акредитиран за обука за наставници
Во јули, Бирото за развој на образованието го акредитира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за спроведување обука за наставници за училиштата кои се вклучени во проектот Модернизација на образованието, финансиран од Светската банка, Кралството Холандија и Владата на Република Македонија. Бирото ќе изработи каталог на обуки кој ќе им биде понуден на училиштата и од кој тие сами ќе изберат обуки кои им се потребни и за кои ќе наменат одреден фонд од средствата што им се ставени на располагање во овој проект.
Пет програми на МЦМС ќе бидат вклучени во овој каталог: основна обука за управување со проекти, напредна обука за управување со проекти, вештини на комуникација, тимска работа и родови прашања. Обуките ќе се спроведуваат во текот на 2007 и 2008 година.
Во каталогот ќе бидат вклучени вкупно 160 програми за обука на повеќе различни теми. Обуките се понудени од 50 понудувачи на обука кои беа акредитирани од Бирото за развој на образованието.
Г.Ш
|