Парламентите и развојот Како до намалување на сиромаштијата?
ОДИ и Африканската сепартиска парламентарна група (ААППГ) со особено задоволство ја најавуваат новата серија од четири јавни средби на кои ќе се истражува улогата на парламентите во земјите во развој во поглед на обезбедување власт којашто наедно ќе биде и одговорна и добра за развојот на тие земји. Парламентите треба да одиграат важна улога во донесувањето власт којашто е ефективна во поглед на намалувањето на сиромаштијата и градењето на демократијата. Оваа заедничка серија средби на ОДИ и ААППГ ќе ја испита улогата на парламентите во земјите во развој, како и она што донаторите и другите би можеле да го сторат за да им помогнат на гореспоменатите парламенти да работат поефикасно. За повеќе информации, посетете ја страницата www.odi.org.uk/events/parliaments_07.
Институт отворено општество - ИОО Жените и повеќекратната дискриминација
Програмата за жени на ИОО под наслов „Жените и повеќекратната дискриминација”, за која крајниот рок за пријавување е 15 мај, има за цел да ги зголеми успешните кампањи за застапување, политичките иницијативи, стратешките судски процеси или акциски истражувања кои третираат различни форми на повеќекратна дискриминација на жените.
Програмата е особено заинтересирана за поддршка на иновативни иницијативи коишто ги поврзуваат стратегите за правата на жените со други слични стратегии, како и за подигање на свеста за повеќекратната дискриминација на жените. Добредојдени се предлози од групи кои работат на локално, национално, регионално, континентално или интернационално ниво. Организациите можат да аплицираат за едногодишен грант во износ од 25.000 до 100.000 американски долари. Лице за контакт за Централна и Југоисточна Европа е Марла Свонсон (mswanson@sorosny.org).
Соочување со предизвиците Родовата еднаквост и ранливите држави во МРЦ
Глобалниот надгледувчки извештај на Светската банка за 2007 година, со наслов „Соочување со предизвиците на родовата еднаквост и ранливите држави во Милениумските развојни цели (МРЦ)”, го оценува придонесот на земјите во развој, на развиените земји и на меѓународните финансиски институции (МФИ) кон универзално развојните обврски од Милениумските развојни цели (МРЦ) за кои беше постигнат договор. Годинава, Глобалниот надгледувачки извештај особено се фокусира на еманципацијата на жените и ранливоста на државите како две нешта коишто го отежнуваат напредокот кон остварување на МРЦ. Марк Сандберг, главниот автор на извештајот, и Мајра Бувинич, директор на секторот за родова еднаквост при Светската банка, ќе ги презентираат наодите од извештајот, а директорот за политика и истражување при ДФИД, Ендрју Стир, ќе ги понуди своите коментари.
Стејт департмент на САД Извештај за човековите права за 2006
На 6 март, годинава, американскиот Стејт департмент го издаде Извештајот за човековите права за 2006 година. Извештајот и другите документи во врска со него, како на пример „Водечки принципи за невладите организации”, можете да ги најдете на http://www.state.gov/g/drl/rls/hrrpt/2006/.
|