Актив на жените пензионерки од Пробиштип
Предизвиците на третото животно доба
Активот на жените пензионерки при Здружението на пензионери на општи­ната Пробиштип е основан во 2003 година. Оттогаш овој актив успева да им понуди на своите членки интересни содржини со што се повеќе и повеќе го привлекува нивното внимание и членство. “Третото животно доба може исто така да биде интересно и убаво”, вели претседателката на активот Љубица Ја­ков­леска, “ако заврши нашиот работен век не заврши и нашиот животен век”, вели таа.