РОМАВЕРЗИТАС

Поддршка на студентите Роми

Годинава, преку програмата Рома­вер­зитас на Фондацијата Ин­сти­тут отворено општество – Маке­до­ни­ја, се зголеми бројот на сти­пен­ди­рани студенти Роми за уште 50. Програмата се спроведува во пар­тнерство со УСАИД и и ХЕСП – Будимпешта (програма за под­дрш­ка на високото обра­зо­ва­ние).

Но­вина претставува и мен­то­ри­ра­ње­то врсници – наместо досе­гаш­на­та практика ментори на стипен­дист­ите на Ромаверзитас да би­дат асистенти или професори од нивните матични факултети, од го­динава таа улога ја имаат сту­ден­тите кои дипломирале или се пред крај на студиите. Досе­гаш­на­та практика покажува добри резултати во квалитетот на зна­е­ње­то и совладувањето на матери­ја­лот на студиите од страна на сти­пендистите. Стипендирањето продолжува и наредната учебна година. За информации обратете се на смустафовЖромаверситас.еду.мк.                              М.И.