Концепти СИСТЕМ ЗА ПЛАНИРАЊЕ, МОНИТОРИНГ И ЕВАЛУАЦОЈА ОЦЕНУВАЊЕТО КАКО ДЕЛ ОД ПМЕ
Оценувањето подразбира мерки дизајнирани со намера да се процени исходот од еден проект во однос на планираните цели и влијанија. Видови оценки Вообичаено е кога се говори за оценка да се подразбира надворешна оценка која најчесто е иницирана и изведена од фактор/и надвор од проектот. Но, оценувањето може да биде и “самооценување” или внатрешно оценување кое е иницирано од самата организација. Во однос на времето кога се изведува оценувањето, во основа се разликува тековно оценување, кое е вградено и се изведува во текот на самиот проект, и финална оценка која се изведува еднаш на крајот на проектот. Кога се прави финално оценување треба да се води сметка дека најчесто крајот на проектот обично носи со себе нов проект или продолжување на претходниот како таков. Затоа крајната оценка треба да ги има предвид и последователните активности. Крајната оценка може да биде опишана како процес на собирање информации и воспоставување критериуми кои водат кон: • Процена на тоа што било постигнато; • Објаснување како тоа се случило; •?Подобро планирање на идните проекти.
Зошто треба да правиме оценки? Оценката е моќна алатка за планирање и особено за подобрување на нашите способности, нашите проекти и нашите активности. Исто така, таа треба да се разбере како основна алатка во процеси кои имаат за цел општествени промени, бидејќи главната јака страна на оценката е во нашето подготвување да ги правиме работите подобро од тоа што сме го правеле во минатото. Воопшто, ние треба да спроведуваме оценки бидејќи: • Сакаме да учиме понатаму и да ги развиваме нашите капацитети и вештини; • Сакаме да провериме што било постигнато како резултат на нашите напории и акции; • Сакаме да го консолидираме и процениме наученото; • Сакаме да провериме колку сме ефективни; • Сакаме да видиме каде може да се подобриме; •?Сакаме да ги поттикнеме луѓето на учење и развојни процеси.
Што оценуваме? Оценувањето на еден проект може да се изврши во однос на: - релевантноста: до кој степен целта на проектот одговара на потребите и приоритетите на целната група?; - ефективноста: до кој степен е постигната целта на проектот?; - ефикасноста: дали средствата биле оптимално искористени?; - влијанието: какви пошироки ефекти има остварено пеоектот?; и - одржливоста: дали е веројатно дека позитивните ефекти од проектот ќе продолжат и по неговото завршување?. При оценувањето ја разгледуваме ситуацијата во смисла на тоа што е постигнато преку проектот, директно и индиректно. Треба да ги оцениме постигнатите резултати, истакнувајќи ги оние кои биле планирани од оние кои не биле планирани, но се случиле. Природно е при конечното оценување да се споредат резултатите со оригиналните цели кои биле поставени на почетокот на проектот, се разбира, со услов дека тие биле конкретни и мерливи. Што поконкретни биле целите, полесно ќе биде да се оценат. Преку оценката ќе се види до која мера тие биле постигнати. Многу цели по дефиниција се тешки за оценка, бидејќи е тешко да се мерат, дури и да се проценат. Оттука произлегува и важноста за дефинирање мерливи цели во фазата на дефинирање на проектот. На тој начин при презентирањето на оценката ќе имаме бројки/квантитативни показатели кои треба да ја поддржат квалитативната оценка. При оценувањето треба да се земе предвид и процесот преку кој резултатите биле постигнати. Тогаш резултатите стануваат “поучни” и претставуваат стекнато искуство во одредена област. За да се забележи и разбере тоа неопходно е да биде оценет процесот низ кој поминале луѓето за време на планирањето и менаџирањето на проектот. Во таа смисла оценката треба да одговори на прашањата: Што требаше да биде направено поинаку? Што можело да се научи за планирањето на проект и менаџментот? Што можеле да научат луѓето преку процесот на спроведување проект?
Подготвување и спроведување оценка Оценката се изведува во неколку фази: Подготвување Подготвување на оценката е пред с$ поставување на нејзините намери и цели: Зошто е оценката неопходна? Кој има потреба од неа? Кој треба да биде инволвиран во спроведувањето? Дизајнирање Еднаш откога ќе разјасниме која е намерата на оценката, треба да ги дефинираме целите, односно што ќе се оценува (користењето на ресурсите, користените методи, резултатите, влијанието, итн.). Овие цели ќе ги одредат показателите и критериумите (квалитативни, квантитативни). Прибирање информации Откако ќе се постават индикаторите и критериумите, следниот процес всушност е добивање на потребните информации/податоци (на пр. колку луѓе партиципираа, што научија, што направија потоа, итн.). Критериумите и целите ќе го одредат начинот на прибирање информации (пишувани евиденции, интервјуа, во текот на проектот или потоа, итн). Интерпретирање информации Што значи податокот или информацијата што ја поседуваме? Интерпретацијата, како и етапите кои следуваат се најтешкиот предизвик во оценувањето: објективноста. Реалноста секогаш може да биде интерпретирана на разни начини и луѓето секогаш можат да влијаат на оценката поведени од нивните интереси и грижи. Основно е да постои свесност за потребата да се биде објективен. Интерпретацијата може да биде полесна (и да го покажува патот кон заклучоците) ако информациите може да се споредат со други искуства од иста природа. Проценка и заклучоци Проценката е всушност процес на извлекување релевантни заклучоци од добиените информации. Таа ги бара причините за тоа што се случило, нагласувајќи ги резултатите и ставајќи ги во перспектива на оргиналните цели на проектот. Примена на резултатите Сите потребни информации и заклучоци извлечени со оценката се, на некој начин, безначајни ако ништо не се прави со нив. Функцијата на оценката да води кон промена е изгубена ако нема желба за промени, ако нема желба да се признаат резултатите од оценката. Изворите на отпор за промени можат да бидат бројни (институционални, лични, политички, итн.). Организацијата треба да тежнее истите да ги надмине.
Подготвила: Сунчица Саздовска Извор: Project Management T-KIT, Council of Europe & European Commision
|