КОНТРАПУНКТ И МУЗЕЈОТ ОД ВЕЛЕС

Белешки од киоскот за цигари и весници

Скопје, Велес и Битола се трите станици на изложбата на младиот уметник Миле Ничевски, под наслов „Белешки од киоскот за цигари и весници”. Изложбата ја организираат здружението Контра­пункт и Народниот музеј во Велес, во рамките на проектот „Слевање на маргините”, поддржан од Швајцарската програма за култура за Македонија. Овој проект се спроведува во повеќе градови во Македонија, а негова цел е да придонесе во децентрализација на културните настани и случувања.

По гостувањето во Културниот центар Точка во Скопје и во Битола, во Велес изложбата беше поставена во прекрасниот простор на спомен-куќата на Васил Главинов. Изложбата опфаќа околу 90 цртежи на Миле Ничевски, работени во периодот помеѓу 1996 и 2004 година.

М.И.