Свет

Помеѓу хуманитарна криза и етничко чистење

Еден милион и двесте илјади луѓе ги напуштија своите домови во Дарфур, Западен Судан, за да избегаат од борбите и опасноста, 110 илјади луѓе побегнаа во соседен Чад, но сепак најголемиот број од луѓето кои се жртви на војната, останаа “заробени” во градот. Организациите за човекови права, како Хјуман рајтс воч тврдат дека владата на Судан е одговорна за “етничкото чистење” и за злосторства врз човештвото со тоа што ги поддржува, или пак не успева да ги сопре нападите на арапската Јанџавид над цивилното население од африканските етнички групи: Фур, Масалит и Загава. Суданската влада споро реагира на сЎ поголемиот меѓународен притисок за да дозволи присуство на мировните сили од земјите од Африканската Унија, како и да овозможи воздушен транспорт и на бегалците во Чад. Започната е и трка со претстојниот период на дождови кој се очекува да го отежне понатамошниот воздушен транспорт, односно враќањето на бегалците.            

 Т.Х.