Милениумски предизвик
Ветувањата на Америка
Пред три години, претседателот на САД, Џорџ В. Буш, ја отвори сметката на Милениумскиот предизвик, со цел да им даде повеќе пари на сиромашните земји кои работат на промовирање развојни политики. Буш рече дека неговата влада ќе донира повеќе милијарди долари во неколку растечки фази сe додека програмата не достигне висина до 5 милијарди долари годишно, почнувајќи од 2006 г. Иако петте милијарди долари се само 0,04 проценти од националниот приход на Америка, Буш го наметна предлогот како “доказ дека тој се грижи за сиромаштијата во Африка и насекаде во светот. “Јас ја носам оваа обврска во душата”, рече претседателот.
Веќе трета година по ред, Буш дава многу помалку од она што го вети. Дневникот на Волстрит известува дека Белата куќа тивко ги информирала менаџерите на Сметката на милениумскиот предизвик да очекуваат околу 3 милијарди долари од следниот буџет. Ова има една надолна тенденција. Имено, Буш рече дека ќе побара од Конгресот 1,7 милијарди долари во 2004 г.; тој побара 3 милијарди долари, а доби само 1 милијарда. Рече дека ќе побара 3 милијарди долари во 2005 година. Тој побара 2,5 милијарди, а доби 1,5 милијарда. Па така, ако се водиме од минатото, Републиканскиот конгрес ќе ја намали уште повеќе и така редуцираната ветена сума за 2006 година.
Ништо од ова се чини не ја засега администрацијата на Буш која продолжува да праќа свои високорангирани службеници кои ја промовираат “анемичната” сметка на Милениумскиот предизвик кај сиромашните нации во светот. Програмата – но не парите; бидејќи од сметката допрва треба да се исплаќа, таа котира високо на листата на дневниот ред на службениците во кабинетот, како на пример, високиот трговски претставник на САД, Роберт Цолик, кој ја посети Африка во декември и постојано ја потенцираше програмата. Во разговорите со јужноамериканските амбасадори овој месец во Вашингтон, потсекретарот во Министерството за финансии, Џон Тејлор, ја оцени програмата како “главен начин на кој работиме со земјите за да одговориме на предизвиците на зголемениот раст на продуктивноста”.
Одговорните лица за Сметката на милениумскиот предизвик брзо можат да ги набројат земјите кои преку добро владеење се квалификувале за програмата за помош. Но, не се толку брзи кога треба да ги набројат земјите кои не добиле ниту цент - велат, нема такви. Сепак, Пол Еплгарт, генерален директор на корпорацијата Милениумски предизвик, нe увери минатата недела дека програмата на Буш “навистина се движи со неверојатна брзина”.
Можеби администрацијата треба да им го каже тоа на 300-те милиони Африканци кои немаат здрава вода за пиење, или пак на 3-те илјади деца од Африка на возраст под 5 години кои секојдневно умираат од маларија, или пак на една од 16-те жени во Африка кои умираат при породувањето. Или можеби на 6-те илјади Африканци кои секојдневно умираат од СИДА. Но, почекајте! Можеби претседателот планира да се справи со катастрофалните последици од СИДА-та во Африка преку неговиот предлог за 2003 г. за зголемување на фондовите за СИДА за 10 милијарди долари во текот на наредните пет години? Јасно е дека не треба, освен ако нема намера одлучно да “пресече” бидејќи од Белата куќа се очекува да побара од Конгресот само 1,6 милијарди долари повеќе за следната година.
Кога таа сума ќе ја додадеме на сметката на фондот за СИДА кој “порасна” во 2004 и 2005 г., ќе останат нешто повеќе од 6 милијарди долари коишто ќе треба да се “извлечат” од Конгресот во наредните две години за да се исполни заветот на Буш. Конгресот и Буш ќе укажат на растечкиот дефицит и ќе речат дека ги немаат парите. Но, сe е прашање на избор. Тие избраа да потрошат милијарди долари за цели како намалување на данокот на богатите или војната во Ирак. Па така, наместо тоа, можат да изберат и да ги потрошат истите за да го одржат ветувањето на Америка.
(Herald Tribune, February 2005)
|
|