луѓе: Виолета Ефтимова

Животот е еден миг, затоа користете го за убави нешта

Професионално искуство:
Стручен наставник во ДСМУ “Јане Сан­дан­ски” – Штип.

Ангажираност во граѓанскиот сектор:
Во граѓанскиот сектор сум вклучена од 1999 година, меѓутоа поактивно се анга­жирав од 2000 година кога го формиравме Здружението за борба против малигни заболувања “Нов живот во Штип”, затоа што за мене тогаш почна еден нов живот. Сега сум негов претседател.

Амбиции:
Отворање оддел за хемотерапија во Штип и подобрување на животот и статусот на болните од рак.

Хоби и интереси:
Одгледување и негување на цвеќето кое го сакам неизмерно, слушање добра музика, читање, прошетки и патувања.

Во слободно време чита:
Бидејќи целосно сум посветена на унапредување на работата на Здружението, најмногу читам стручна литература која се однесува на најновите достигнувања во борбата против ракот. Оваа литерату­ра ја добивам од пријателка од Америка која работи на истражување и пронаоѓање на лек против рак.

За време на викендот:
Ги завршувам заостанатите работи во домот кои не сум можела да ги завршам во текот на неделата. Останатиот дел од викендот го посветувам на моето семејство и моите пријатели.

Најтешка одлука:
По сознавањето за болеста, најтешко ми беше да решам како да го избе­рам вистинскиот пат за да го продолжи животот, затоа што после неа не е с$ исто како пред тоа. Мислам дека донесов исправна од­лука, животот продолжува и понатаму, а јас имам неисцрпна енергија да се справам со сите проблеми што ги носи животот.

Кој национален (локален) проблем го сметате како најважен:
Што поскоро да се среди нашата земја, да се намали бројот на невра­ботени, младите да си го најдат својот пат.

Кој глобален проблем го сметате за особено важен, и зошто:
Честите конфликти на меѓуетничка основа, тероризмот и посебно негрижата за гладните во светот.

Што би промениле во Македонија и во светот?
Повеќе љубов помеѓу луѓето, да се почитуваат и помагаат едни со други. Македонија да биде богата и развиена земја и членка на ЕУ.

Совет (порака):
Животот е еден миг, затоа користете го за убави нешта. Уживајте во него и пуштете ги и другите да уживаат.