Поддршка

Леонардо ди Каприо против глобалното затоплување

Документарниот филм на Ди Каприо, „11-тиот час” (Тхе 11тх Хоур), кој ги разработува прашањата за глобалното затоплување и климатските промени, беше изработен во САД и завршен на 17 август.

Кога разбрал за протестниот марш на Крисчн ејд (Цхристиан Аид) со епски димензии (1.000 милји), актерот изјавил „многу сум горд што ги поддржувам Кришчн ејд и ’Запрете го климатскиот хаос’ (Стоп Цлимате Цхаос) во нивните напори. Овие собири претставуваат критичен чекор за привлекување на потребното внимание кон штетата што ја прави глобалното затоплување во најсиромашните земји во светот”.
Леонардо ди Каприо е најновата светска личност која го поддржува маршот што има за цел да го истакне влијанието на глобалното затоплување и да ја поттикне јавноста да вложи напори за намалување на испуштањето јаглерод.
Британскиот пејач Лемар настапи на собирот на 27 август во Бирмингем, додека, пак, актерката Грета Скаки ќе се појави на настанот во Кардиф на 8 септември.
Група од 18 лица постојано ќе маршираат низ 70 гратчиња и поголеми градови, а други 50. 000 лица ќе им се придружуваат на делови од маршрутата.
Пол Бренен, одговорниот за кампањите на Кришчан ејд, изјавил: „Климатските промени се најсериозната закана за човештвото. Сиромашните луѓе во најнеразвиените земји веќе умираат како резултат на поплави, суши и конфликти што се водат за контрола над веќе осиромашените ресурси, како на пример водата која с$ повеќе ја снемува со постојаното затоплување на планетата. Потребна им е нашата помош за да ги поттикнеме да ја намалат емисијата на штетни гасови, преку индивидуална акција и со вршење притисок на владата на Велика Британија да изготвува национални и интернационални политики кои ќе бидат насочени кон зачувување на климата”.                   

Извор: Онењорлд