Белградски центар за човековите права

Ситуацијата со човековите права во Србија за 2007 година

Белградскиот центар за човекови права го издаде својот синтетизиран и сеопфатен извештај за ситуацијата со човековите права во земјата во последните десет години. Целта на извештајот е да се претстават и оценат уставните и правните одредби поврзани со човековите права. Изданието е објавено во форма на книга на српски и на англиски јазик. На почетокот, извештајот се однесуваше на ситуацијата во Сојузна Република Југославија, потоа на сојузот Србија и Црна Гора, а од 2006 година само на Србија. Извештајот може да се најде и на веб-страницата на центарот: www.bgcentar.org.yu

З.В.